Јавно претпријатие за железничка инфраструктура „Македонски железници“ – Скопје планира да потроши милион и двесте илјади денари или приближно 20 илјади евра за авиобилети, без вклучен ДДВ.
На „Е-набавки“ објавен е оглас за резервација на авионски билети за службени патувања во странство во економска класа. Патувањата се за Европа и за интерконтинентални дестинации.
Според тендерската документација, треба да биде обезбедено бесплатно патничко осигирување за време на престојот на вработените лица. Критериум за доделување на набавката е најниската цена, а времетраењето на договорот е една година. „Македонски железници“ може да не ги реализира сите предвидени средства за набавка на авиобилетите.