26 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИванка Трамп ја откри својата тајна за успехот

Иванка Трамп ја откри својата тајна за успехот

Иванка Трамп во разговорот за Бизнис инсајдер даде совети за сите луѓе кои сакаат да напредуваат во кариерата.

Поранешната манекенка и бизнисменка Иванка Трамп прво истакна дека е потребно да работите напорно во раниот период од животот, за да ја пронајдете својата страст во работата која навистина сакате да ја работите.

„Страста тешко се открива преку интроспекција. Морате да имате искуство – да учите во реално време и преку искуства кои ви предизвикуваат лупање на срцето“, објасни ќерката на американскиот претседател.

Тоа значи дека се идентификувате со работите кои ве интересираат, а потоа почнувате да се борите за нив.

„Само излезете и правете ги работите кои ги сакате, а оние кои продолжуваат да ви будат интерес правете ги уште повеќе“, советува таа.

А што е клуот за успехот? Иванка вели да почнете да работите и да го давате најдоброто од себе.

„Единствено луѓето кои сум ги сретнала кои се многу успешни на своето поле се луѓе кои се длабоко пасионирани со работата која ја работат секој ден“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП