5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасположението кај Германците слабее, освен во еден случај

Расположението кај Германците слабее, освен во еден случај

Многу силното расположение на германските извозници благо ослаби на почетокот на 2018 година.

Индексот на извозните очекувања, кој го пресметува минхенскиот институт Ифо, спласна во јануари на 16,6 поени од декемвриското ниво од 19,7 поени, се наведува во соопштението на Ифо институтот.

По многу добрите шест месеци во поглед на извозот, компаниите сега очекуваат извесно забавување на растот на продажбата во странство во блиска иднина.

Извозните очекувања опаднаа во речиси сите главни германски производни сегменти. Повеќето компании оценуваат дека извозот ќе продолжи да расте, но во помала мера отколку во декември.

Исклучок се производителите на автомобили кои очекуваат раст на своето работење во странство. Истото важи и за компаниите од секторот за храна и пијалоци. Сепак, металопреработувачкиот сектор се соочи со значителни препреки, а ниту текстилните компании не очекуваат било какво понатамошно зголемување на извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП