4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзминатиот викенд 16 сообраќајни незгоди, една со тешки и пет со лесни...

Изминатиот викенд 16 сообраќајни незгоди, една со тешки и пет со лесни повреди

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на секторот за внатрешни работи во Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и 10 со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди, а осум лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 102 возачи го управувале возилото со по голема брзина од дозволената. 32 возачи се исклучени од сообраќајот, и тоа седум бидејќи го управувале своето возило под дејство на алкохол и 25 возачи го управувале возилото без да стекнат право за управување моторно возило. Исто така, 24 возила се исклучени од сообраќај бидејќи некои од нив биле технички неисправни и со истечена важност на сообраќајната дозвола.

12 возачи се санкционирани бидејќи ја поминале крстосницата на црвено светло, двајца не дале првенство на минување, 10 неправилно се престроиле и четворица неправилно престигнувале. Преземени се мерки и против еден пешак кој поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови исто така издадени се 153 мандатни платни налози, а 149 возила се подигнати со пајак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП