9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Америка има многу проблеми со ЕУ, тие се нечесни

Трамп: Америка има многу проблеми со ЕУ, тие се нечесни

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека има „многу проблеми со ЕУ“ околу прашањето за стокова размена, пишува Дејли Мејл.

Тоа може да се прелие во нешто повеќе од гледишна точка на трговијата, ЕУ многу нечесно се однсува кон САД, кога станува збор за трговијата, изјави Трамп.

Американскиот лидер нагласи дека американското производство „многу тешко влегува на европскиот пазар“.

„Меѓутоа, тие ни ја испраќаат својата стока – без царина, или со многу мала царина. Тоа не е чесно“, нагласи Трамп.

Тој додаде дека не се само Европејците нечесни кон САД, но не наведе уште кои држави влегуваат во оваа категорија.

Што се однесува на преговорите на Британците за Брегзит, Трамп изјави дека тој би ги водел поинаку.

„Јас би заземал поостар став кога станува збор за излегувањето (од ЕУ)“, нагласи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП