2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботници од 250 германски компании ќе протестираат

Работници од 250 германски компании ќе протестираат

Работници од околу 250 германски компании ќе излезат на протест следната недела, по неуспехот на преговорите меѓу синдикатите и работодавачите. Веста беше објавена од Јорг Хофман, шеф на најголемата германска синдикална организација „IG Metall“.

Говорејќи за локалниот весник „Bild“, Хофман рече дека работниците во металургијата ќе бидат вклучени во 24-часовен штрајк низ целата земја.

Протестните активности се планираат за средината на следната недела.

Тие беа иницирани откако преговорите за работните услови вчера не успеаја.

Ова се случило затоа што работодавачите не ги прифаќале барањата за работниците да преминат на 28-часовна работна недела за период од две години, веднаш потоа да се вратат на претходното работно време. Меѓу барањата беше 6% зголемување на платата за една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП