20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо претежно суви коловози се одвива сообраќајот

По претежно суви коловози се одвива сообраќајот

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози и наместа влажни по осојничавите места.

На патниот правец Тетово – село Гајре поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 60м.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП