4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо ако се воведат значителни промени САД ќе се вратат на парискиот...

Само ако се воведат значителни промени САД ќе се вратат на парискиот договор

Американскиот претседател, Доналд Трамп, е спремен да го потпише парискиот договор за клима само ако во документот се внесат значителни забелешки.

Во интервју за „ИТВ“, Трамп рекол дека ако биде постигнат добар договор, секогаш постои шанса САД да се вратат.

„Сегашниот договор е ужасен и неправеден за САД“, рекол тој.

Американскиот претседател на 1 јуни 2017 година изјави дека САД се повлекуваат од договорот и дека ја запираат примената на одредбите од тој документ. Трамп, исто така, рече дека договорот што беше постигнат во Париз во 2015 година не е од економски интерес за Американците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП