17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје повторно се гуши, мерните станици високо над дозволеното

Скопје повторно се гуши, мерните станици високо над дозволеното

Во Скопје повторно не се дише. Викендов мерните станици измерија висока концентрација на ПМ10 честички во воздухот. И утрово не е подобро, сеуште е висока загаденоста на воздухот.

Вчера вечерта во Скопје мерните станици измерија над 10 пати повисоко загадување од дозволеното.

Во Лисиче синоќа вечерта беше екстремно загадено со силна миризба на чад. Околу 21 часот мерната станица измери 597 мигрограми на метар кубен, што е за скоро 12 пати повисоко од дозволеното.

Во Ректорат околу 20 часот беа измерени високи 533 микрограми на метар кубен.

Во Карпош беа измерени максимални 215 микрограми, додека Центар околу 23 часот беа измерени максимални 225 микрограми на метар кубен.

Клиниките секојдневно се полнат. Први на удар од аерозагадувањето се хронично болните и малите деца. Лекарите советуваат да не се излегува надвор во деновите кога има висок степен на загаденост и да се купат прочустувачи на воздух.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП