3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтотуку се случи најголемиот крипто грабеж досега

Штотуку се случи најголемиот крипто грабеж досега

Јапонската платформа за размена на криптовалути “Coincheck” беше хакирана и од неа се украдени рекордна количина виртуелни пари.

Една од најпопуларните и најголема менувачница за криптовалути во Јапонија,  “Coincheck” одеднаш го прекина тргувањето за сите свои корисници, а набргу потоа дојде веста за хакерски напади.

Водечките луѓе на “Coincheck” тогаш одржаа конференција на која ја потврдија црната шпекулација – нивната менувачница е нападната и се украдени 500 милиони “NEM” коини.

Пазарната вредност на украдените криптовалути е околу 533 милиони долари. Очекувано, цената на “NEM” веднаш падна за 20 проценти по оваа информација, но ова не ја намалува штетата направена на “Coincheck” и неговите клиенти.

Според овие податоци, грабежот на виртуелни пари од оваа јапонска менувачница е најголемата крипто кражба во историјата.

Тие најавуваат истрага и продолжувањето со работата. Иако овој настан нема никаква врска со биткоинот, цената на “дигиталното злато” почна повторно почна да се спушта на 10.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар