Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Интервју со Миро Крстевски, заменик директор во Пункт Мебел

Време: 11:55

Датум: јануари 27, 2018

Категорија: ИНТЕРВЈУ

Денар: Високиот квалитет, модерниот дизајн, удобноста и трајноста се синоними кога станува збор за Пункт Мебел? Колку време ви требаше за да дојдете до таа перцепција кај луѓето?

За се треба време! Вистина е дека како и сите останати почетоци на една работа и ние почнавме скромно, но уште од самиот почеток наша основна цел беше и остана создавањето на производи со кои ќе парираме на европскиот и светскиот пазар. Кога целите така високо секогаш треба да знаете дека парирањето и конкурентноста на тие големи но специфични пазари бара внимание во однос на: континуирано следење на светските трендови во модерниот мебел, посветеност во однос на квалитетот на изработка како и користење на високо квалитетни материјали, отвореност кон крајните потрошувачи во насока на согледувања на нивните желби и барања, како и редовно инвестирање во средства за работа и стручен кадар кој за нас претставува основа на успешноста.

Кога ќе погледнеме назад во годините на посветеност и успесите кои ги постигнавме како тим, неминовно заклучуваме дека порано или подоцна успесите стигнуваат само доколку останете истрајни во посветеноста, отвореноста и насоченоста на секој еден вработен во компанијата, во однос на квалитетот и ентузијазмот при изработка на било кое парче мебел кое излегува од нашето производство. Компромис со квалитетот никогаш не смее да има!

Така што денес, со гордост можеме да погледнеме наназад, на постигнатото, верувајќи во создавање на уште поубави работи дизјанирање на нови модели со највисок квалитет, видлива удобност и гарантирана трајност.

Денар: Користите производна технологија  која ретко која фирма во Европа ја има имплементирано, кажете ни нешто повеќе?

Технологијата на производството напредува со енормна брзина, вклучувајќи ги и технологиите за производство на тапациран мебел. Борбата за што подобра производствена технологија на компаниите создава можност за поголема конкурентност во однос на цената и квалитетот. Токму затоа за нас е особено важно пратењето на иновациите во технологијата на производство, како и континуирано вложување и инвестирање во софистицирана опрема и технологија за работа.

Ние го одбравме патот на паметно вложување и инвестирање. Континуирано инвестираме во најнови современи технологии и машини кои овозможуваат идеите на нашиот стручен тим вистински да заживеат.

Кога од една страна имате тим на вработени со таква желба и енергија, кои се посветени на работата и квалитетот кои го даваат и од друга страна инвестирате во нови машини и технологии, Вие практично сте на вистинскиот пат.

Ние во Пункт Мебел користиме технологии и машини од сериозни докажани производители на машини, најчесто од докажани германски брендови, најдобри во делот на тапацирано производство.  Учестуваме на саеми за машини каде ги согледуваме новитетите и инвестираме во истите во насока на исполнување на нашите цели и задачи.

Материјалите кои се вградени во нашиот мебел се од највисок квалитет и од проверени добавувачи, бидејќи прецизноста во работењето е од витално значење.

Важноста на контролата на квалитет во самиот процес на производство неминовно бара инвестирање во врвна технологија и на тој план. Кај нас се што се вградува во производите е детално прегледано со помош на најсовремена технологија за квалитет која елиминира грешки при процесот на работа. Без разлика дали станува збор за ситно или крупно парче мебел, за Нас вниманието и желбата за квалитет не дозволуваат да се вградуваат материјали кои не ги задоволуваат нашите највисоки критериуми.

Користењето на производствена технологија на врвно европско и светко ниво за нас како компанија претставува гордост а за нас како тим во компанијата претставуваме мотив за што поголеми резултати. https://www.facebook.com/Punktmebel/videos/1105769482793302/

Денар: Колку изборот на мебел влијае еден простор да изгледа поубав, поголем, да внесе разиграност и топлина во домот?

Неоспорен е фактот дека парчињата мебел се најубавите украси во домот, кои му даваат шарм и топлина на домашниот простор, создаваат препознатливост, оставаат личен печат. Токму затоа при изборот на мебел не треба да ги спуштаме критериумите, не треба да правиме компромиси, туку напротив да го одбереме најдоброто за нас. Да избереме мебел кој со секое гледање уште повеќе ќе не фасцинира, но и мебел во кој можеме да ја осетиме удобноста и комоцијата на самиот дом. Мебел што ги поврзува во едно добриот дизајн, удобноста и квалитетот.  Зарем не е прекрасно чувството кога ќе се опуштите во вашата модерна, комотна и функционална гарнитура, која изгледа беспрекорно. Тоа е вредноста што се бориме да ја создадеме во Пункт Мебел.

Учеството на најголемите докажани меѓународни саеми за мебел низ годините назад и можноста за соработка со познати светски дизајнери на мебел на разни семинари, работилници и средби како и соработката со домашни и странски архитекти вклучително и соработката со Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер не научи дека производството на тапациран мебел  е на некој начин производство на среќа и топлина за едно семејство, но тоа е можно само со производство на премиум класа на мебел.

Иако нашиот стручен тим во нашите продажни салони е посветен на прашањата, желбите и потребите на купувачите најчесто луѓето при купување на мебел се растргнати на различни страни и нивното ограничено внимание при избор ги доведува до забуна или дилема при изборот. Токму затоа високото квалитетно парче мебел произведено во нашата компанија мора да го воодушеви нашиот клиент при самата достава и поставување на мебелот од наша страна во домот на клиентот.

Токму тоа е производството на среќа и топлина која ја испорачуваме до домовите и семејствата. Токму тоа е работата на Пункт Мебел. Токму поради тоа Ние во Пункт мебел му се радуваме и се поврзуваме со секое парче мебел кое излегува од нашиот производствен процес.

Денар: Како ја определувате понудата во вашите салони, односно колку се водите според желбите на потрошувачите?

Апсолутно секогаш се трудиме да создадеме баланс меѓу тоа што е тренд и модерно на светскиот пазар и секако потребата, можностите и желбите на нашите клиенти. Учествуваме на реномирани меѓународни саеми, во контакт сме со останати сериозни светски производители и трговци на мебел, следиме што се купува, што преферираат клиентите, и зависно од сето тоа ја креираме нашата понуда. Анализа и испитување на пазарот е нормален процес за секоја една компанија која сака да ја зголеми својата продажба, но ние одиме и еден чекор понапред.

Високата стручност на нашиот тим, инвестирањето во посети на меѓународни дообуки, семинари и саеми и соработките со бројни домашни и странски архитекти и дизајнери ни дозволува да создаваме парчиња дизајниран мебел предвесник на нешто ново и интересно.

Токму затоа во нашите салони може да се најде мебел со ретро дизајн, минималистички мебел, или модерен дизајн. Но она што е заедничко на сите е уникатноста, бидејќи секој модел си има своја специфична убавина и карактеристики насочени кон одредена група на потенцијалните потрошувачи.

Она што вистински не обележува и издвојува од останатите е нашата стручност и посветеност во делот на изработка на мебел во вистинска природна кожа во голем број бои и видови кои ги нудиме. Изработуваме мебел од највисоките класи на кожа набавени од еминентни италијански кожари. Кожата за нас претставува многу повеќе од материјал за работа и тоа е посебна тема за разговор.

Во нашата понуда освен што можете да одберете мебел со премиум највисока класа на уникатна природна кожа може да се одбере и мебел изработен во висококвалитетен штоф  во различни бои и дезени со сите вградени најнови иновативни технлогии и новитети во него кои дозволуваат долги години гаранција и најсовремена иновација за чистење на било какви дамки и нечистотии со обична вода.

Во сите модели користиме највисоко ниво на квалитетен сунгер со различни густини во зависност од самиот модел кои овозможуваат удобност и трајност на формата како и користење на букова конструкција која овозможува тестирана гаранција која ги исполнува строгите критериуми на пазарот кон кој сме насочени. Вложуваме големи средства и внимание и за најситните материјали кои ги вградуваме во нашиот мебел, бидејќи разликата во борбата за највисок квалитет ја прават токму малите вградени материјали кои во нашето производство се со највисок квалитет набавени од познати светски и европски добавувачи.

Токму поради тоа што сме сигурни во стручноста на нашиот тим и квалитот на сите материјали кои ги вградуваме за нас е лесно да ја определиме понудата.  Нудиме нови дизајни. Нудиме квалитет. Нудиме врвна класа на тапациран мебел. http://www.punktmebel.mk/

Денар: Салоните за мебел веќе не се само продажни места, туку многу повеќе! Место каде може да се добие совет, идеја за уредување на домот. Што на тоа поле нуди Пункт Мебел?

Нашите потрошувачи не се само наши купувачи туку и наши пријатели.  Пункт Мебел постои со цел континуирано да напредува и кон таа цел единствен фактор од кои сме директно зависни е перцепцијата на потрошувачот кон Пункт Мебел. Нашата компанија расте заедно со нашите пријатели односно клиенти.

Нашата посветеност кон купувачите секогаш е на прво место во приоритетите на работењето.  Стручниот тим од нашиот продажен сектор е обучен и желен да комуницира, соработува, неуморно да објаснува и да ги дополнува потребите и желбите на секој еден што покажал и најмала заинтересираност кон некој наш производ.

Со гордост можам да кажам дека најголем број од нашите досегашни клиенти се наши постојани клиенти или советувачи кон други потенцијални потрошувачи да го одберат Пункт Мебел. Во тој процес неминовно е создавањето и ширењето на пријателства. Размената на среќа и задоволство ја прави оваа наша работа толку интересна.

Покрај големата понуда на производи и продукти со исклучителен квалитет, ние на клиентите им нудиме и бесплатни совети, идеи и концепти за уредување на нивниот дом. Во таа насока неретко нашите купувачи се концентираат кон првичното стручно лице со кое разговарале во продажното место и во целиот процес на избор, размена на мислења и совети се поврзуваат и зближуваат. Правилен избор во така пријатна атмосфера гарантира задоволни клиенти.

Нашите вработени во транспорт и достава исто така директно учестуваат во процесот на комуникација со клиентите бидејќи нашата понуда вклучува безсплатен транспорт, монтажа или поставување на нарачаниот мебел до домот или просторот и во тој процес на транспорт и достава нашите вработени ги согледуваат првичните воодушевени реакции на клиентите кои за прв пат го гледаат нарачаниот мебел на точното планирано место во својот дом.  Среќата на нашите клиенти за нас е двојна бидејќи е раскажана од нашите вработени.

Тоа е односот на нашата компанија кон нашите клиенти, вработени или соработници и сите останати кои имаат било каков контакт со Пункт Мебел.  За нас сите се пријатели и  заедно сме насочени квалитетот на нашата работа да биде присутен во секој дел од нашето секојдневие. Тоа не прави посебни и различни.

Денар: Колку извезувате, и каде најмногу?

Пункт Мебел е извозно орентирана компанија која околу 75% од целокупниот производствен капацитет го пласира на меѓународен пазар. Од тоа најголеми пазари и држави во кои ги пласираме нашите производи се: Швајцарија, Германија, Англија, Косово,Србија, Хрватска, САД, Романија, Словачка и Холандија.  Покрај редовниот извоз во овие држави работиме и на меѓународни проекти за разни деловни објекти, згради, апартмани и хотели. Пред извесно време завршивме еден таков проект во Грција и моментално работиме на друг за Бахраин. Имаме навистина одлична соработка со домашни и странски архитекти кои работат на разни проекти во разни држави. Нивната голема стручност и способност и нашиот квалитет на работи носи заеднички успеси.

Секој пазар си е посебен и специфичен сам по себе, но комбинацијата и искуствата од сите пазари и соработки кои сме ги оствариле изминатиот период ни дава голема предност во изборот на правци по кои се водиме во изготвувањето на нови модели со кои се пласираме на меѓународните пазари. Особено задоволство ни претставува континуираниот раст на нашите производствени капацитети и проширувања и токму со таква позадина и енергија редовно учествуваме на големите меѓународни пазари на кои успеваме да го пронајдеме нашето место покрај силната меѓународна конкуренција.

Веруваме дека имаме сили, знаење и идеи со кои можеме дополнително да го прошириме извозниот пазар на Пункт Мебел и во државите каде веќе извезуваме, но и во оние каде се уште не сме присутни. Оваа година ја започнавме со сериозни планови и активности насочени кон точно определени цели за зголемен директен пласман на нашите производи во нашите соседни држави и секако кон меѓународниот извозен пазар кој за нас претставува примарна цел.

Во таа насока од 15.01 до 22.01 ќе ги претставиме нашите нови модели на најголемиот саем за мебел во Келн, Германија. Саемот во Келн се одржува на почеток на секоја година и истиот не само што е важен за пласман на производството туку отвара и сериозна можност и шанса да се остварат огромен број контакти и средби кои во текот на работењето и планирањето се многу важни.

Токму затоа со гордост истакнуваме дека Пункт Мебел од своето формирање како компанија не само што редовно и без прекин учествува на најголемиот меѓународен саем за мебел во Келн, Германија туку и од година во година го зголемува својот простор за претставување на нови модели кои со својот квалитет и дизајн се добро прифатени на пазарот.

Тоа е заслуга на целокупното тимско работење, почитување и разменување на мислења на сите вработени во нашата компанија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Интервју со Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Анита Ангеловска-Бежоска стапи на функцијата гувернер на Народната банка на Република Македонија во мај 2018 година, со речиси дванаесетгодишно претходно работно искуство во институцијата. Во…

  • Филип Поповски: ФФМ е професионална институција со единствена цел развој на македонскиот фудбал

    Филип Поповски: ФФМ е професионална институција со единствена цел развој на македонскиот фудбал

    На натпреварот против Лихтенштајн, Фудбалската федерација на Македонија одбележа значаен јубилеј, 25 години од првиот официјален натпревар на репрезентацијата на Македонија. Веројатно, ви е драго…

  • Интервју со Анита Спасовска – генерален директор на Бучен Козјак Куманово

    Интервју со Анита Спасовска – генерален директор на Бучен Козјак Куманово

    Денар: Бучен Козјак е млекарница која е позиционирана како фамилијарна и традиционална. Во која развојна фаза се наоѓа сега млекарницата? А: Бучен Козјак постои 35…

  • Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација

    Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација

    Валентина Тасева: Од Electronic Arts се вратив со нова визија и развиен бизнис план Интервју со г-ѓа Валентина Тасева, генерална директорка на Семос Едукација и…

  • Интервју со Радослав Нановиќ, генерален директор на DHL Македонија

    Интервју со Радослав Нановиќ, генерален директор на DHL Македонија

    Радослав Нановиќ: Иднината со DHL ќе биде уште поинтересна и спектакуларна Денар: Годинава, DHL Македонија одбележа 25 години постоење во земјава. Како би ги претставиле…

  • Интервју со Рок Сајовиц – експерт за ИТ сервис менаџмент и говорник на Националната конференција за проектен и ИТ менаџмент

    Интервју со Рок Сајовиц – експерт за ИТ сервис менаџмент и говорник на Националната конференција за проектен и ИТ менаџмент

    ИТ експерт со огромно работно искуство како во јавниот, така и во приватниот ИТ сектор во Словенија. Во 2007 година, г. Сајовиц основа сопствена комапнија…

  • Интервју со Влатко Смилески, Директор на Орифлеим Македонија

    Интервју со Влатко Смилески, Директор на Орифлеим Македонија

    Денар:Каков е предизвикот да се работи во ваква реномирана козметичка шведска компанија? – Орифлеим е без двоумење најдобрата компанија за која сум работел во својата…

  • Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

    Интервју со Мери Каровска, сопственик на Каровска ДООЕЛ

    Денар: г-ѓа Каровска, која е основата дејност на  Каровска ДООЕЛ, кои услуги ги нудите? -Каровска ДООЕЛ е Друштво за економско сметководствени услуги и даночно советување…

  • Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Интервју со Предраг Милошевски, член на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Помладите со мал износ можат да заштедат значајна сума за нивните пензионерски денови “Финансиската култура и планирањето на финансиите на нашите граѓани сѐ уште не…

  • Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    “Единствените граници со кои треба да се справиме се оние во нашиот ум!” Денар:Ве молиме кажете ни нешто за себе и за почетоците на вашата…