7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQualcomm склучи договор со пет кинески производители на паметни телефони

Qualcomm склучи договор со пет кинески производители на паметни телефони

Не долго откако од Европската комисија беше казнет со речиси една милијарда долари, Qualcomm постигна деловен договор со пет кинески производители на паметни телефони.

Кинеските компании Lenovo, Xiaomi, Vivo, Oppo и ZTE изразија интерес за купување на опремата на Qualcomm во следните пет години, вредна вкупно 2 милијарди долари.

Сите споменати компании со Qualcomm заеднички ќе работат на комерцијални производи со поддршка за 5G технологијата, кои би требало да се појават на пазарот следната година.

Договорот беше презентиран на специјален настан во Пекинг, на кој присуствуваа и високите извршни директори на Qualcomm, Кристијан Амон и Стивен Моленкопф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП