18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот државен фонд предупреди за ризикот од трговски војни

Рускиот државен фонд предупреди за ризикот од трговски војни

Рускиот фонд за директни странски инвестиции не очекува нови санкции против Русија од САД, но неговиот директор Кирил Дмитриев предупреди за ризикот од трговска војна против Русија во интервју за „Bloomberg TV“.

„Било какви ограничувања во трговијата може да предизвикаат каскадни ефекти. Значи има ризик од трговски војни и дефинитивно тоа ќе биде важна тема, тука во Давос“, коментира тој.

„Секој напад против државен фонд е многу опасен, бидејќи би создал преседан во кој богатството на една земја бележи пад кога е „нападнат“. И суверените фондови ќе се повлечат од доларот и ќе најдат начин да го намалат ризикот да бидат казнети“, рече Дмитриев.

Според него, Русија се прилагодува на постојните санкции и дури им помага на некои сектори на руската економија, како што се земјоделството и други. „И тие не постигнаа никакви политички цели“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП