5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард предупредува: Три опасности кои му се закануваат на светот

Лагард предупредува: Три опасности кои му се закануваат на светот

Директорката на ММФ, Кристин Лагард предупреди дека финансиската ранливост, нееднаквоста и политичките ризици претставуваат опасност за глобалниот раст.

Запрашана да искоментира што би можело да тргне на лошо откако ММФ ги зголеми проекциите за раст на светската економија на 3,9 проценти за оваа и наредната година, Лагард укажа на овие три ризици, пренесува Гардијан.

„Американските даночни реформи, краткорочно гледано, ќе бидат позитивни, но можат да доведат до сериозни ризици. Втора опасност е прекумерната нееднаквост која е се поголема на многу места“, изјави Лагард на панелот на Светскиот економски форум во Давос – „Глобалните економски перспективи“.

Како трет ризик, Лагард го наведе недостатокот на меѓународна соработка и постоењето на геополитички ризици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП