26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПокана до наставниците да учествуваат во создавањето на новите наставни програми

Покана до наставниците да учествуваат во создавањето на новите наставни програми

Министерството за образование ги повикува наставниците од одделенска настава, како и компетентните и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми и реформите во основното образование.

„За да создадеме што е можно подобар и поквалитетен образовен модел, сакаме да го слушнеме гласот и мислењето на лицата кои секојдневно се вклучени во образовниот процес, наставниците. За да обезбедиме квалитетен ран детски развој и да изградиме ефикасен и ефективен воспитно образовен систем со добра и силна основа, кој пред сè ќе биде цврст, безбеден и отпорен на разни промени и потреси, потребно ни е здраво и цврсто основно образование. Во таа насока, создаваме нов образовен модел за основно образование и нови и квалитетни наставни планови и програми за учениците од 1-3 одделение“ се наведува во соопштението од министерството.

Работната група која го создава овој нов образовен модел, се состои од експерти во областа, професори од Филозофскиот факултет и Педагошкиот институт, но и практичари во областа, односно наставници кои работат со ученици од 1-3 одделение.

Новиот образовен модел, го засега, и се однесува на работата на наставниот кадар.

Коментарите и предлозите можат да се испратат на [email protected], како и до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП