29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотфрли растот на економијата на САД на крајот на 2017

Потфрли растот на економијата на САД на крајот на 2017

Растот на американската економија неочекувано забави во четвртиот квартал минатата година, бидејќи најголемиот скок на личната потрошувачка во три години, доведе до зголемување на увозот.

Бруто домашниот производ (БДП) на САД во четвриот квартал пораснал за 2,6 проценти на годишно ниво, соопшти денес американското Министерство за трговија, пренесува агенцијата Ројтерс.

Тоа е забавување во однос на растот на БДП од 3,2 проценти до третиот квартал.

Економистите кои ги анкетираше Ројтерс предвидоа раст на економијата на САД во четвртиот квартал од 3,0 проценти.

Домашната побарувачка пораснала за 4,6 проценти, најголемта стапка од третиот квартал во 2014 година, што укажува на силата на американската економија, оценува британската агенција.

Во цела измината година, економијата на САД пораснала по стапка од 2,3 проценти, што е забрзување во однос на растот од 1,5 проценти од 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП