13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на биткоинот е повторно намалена, но овој пат поради Јапонија

Цената на биткоинот е повторно намалена, но овој пат поради Јапонија

Биткоинот поевтини повторно, овој пат за околу 7 проценти до 10.570 долари, соопштува „Fortune“. Пониските цени, исто така, забележаа „етер“ и „рипл“ со 5,5% и 12%.

Овој пат причината е дека една од најголемите трговски платформи со биткоин во Јапонија – „Coincheck“, им забрани на клиентите да ги повлекуваат парите од сметките и застана трговијата со криптовалутата „NEM“, како резултат на што нејзината цена се намали за 16,5 %.

„Coincheck“, со седиште во Токио, објави прекин на трговијата со објавување на својот блог, но без објаснување на причините.

Според агенција „Bloomberg“, „Coincheck“ нема лиценца од јапонскиот финансиски регулатор, но сепак тоа е една од најпопуларните платформи во земјата.

Биткоинот загуби околу 50% од својата вредност од максимумот кој го достигна во средината на декември, поради желбата на регулаторите од целиот свет да воведат правила на пазарот за криптовалути или во најлош случај да ја забранат трговијата.

Неодамна, кинеските власти ги забранија основните монети и ги затвориле локалните трговски платформи. Јужна Кореја пак забрани анонимна трговија со криптовалути со цел да се спречи можноста за купување и продажба на биткоин од страна на деца под 19 години и криминалци.

Од руското Министерство за финансии, исто така веќе најавија дека работат на легислатива која ќе воведе прописи за криптовалутите.

Разочарувачки вести за љубителите на дигиталните валути оваа недела дојдоа и од платформата за онлајн плаќања „Stripe“ која ќе прифаќа плаќања со биткоин само уште три месеци. Трансакциите со најголемата криптовалута по пазарна капитализација запираат поради недостиг на интерес од страна на клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП