27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјоделците се незадоволни бидејќи само формално се вклучени во креирањето земјоделски политики

Земјоделците се незадоволни бидејќи само формално се вклучени во креирањето земјоделски политики

Во периодот од 2013 до 2016 година, само 3 проценти од земјоделците учествувале во работата на некоја потсекторска група во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Наспроти овој минимален процент, дури 87 отсто од земјоделците сакаат активно да дадат свој придонес во работата на надлежното министерство. Во Вардарскиот, Скопскиот и во Североисточниот Регион заинтересираноста на земјоделците за учество во креирањето и спорведувањето земјоделски политики се искачува и до 96 проценти.

Истражувањето на „Рурална коалиција“, спроведено во втората половина на 2017 година, покажува дека Министерството во согласност со законот има воспоставено механизми и работни тела за вклучување на земјоделците, но нема никаков континуитет и отвореност во нивната работа. Ваквата практика резултира со голема недоверба и незадоволство кај земјоделците. Состојбата е уште поалармантна ако се има предвид фактот дека сите земјоделци (100 отсто) вклучени во истражувањето нагласуваат дека немаат никакви информации за содржината, формата и за заклучоците од состаноците на потсекторските групи ниту, пак, ги препознаваат членовите на овие групи кои доаѓаат од нивните региони.

Имајќи го предвид ова, „Рурална коалиција“ предлага неколку форми и начини за надминување на постојните проблеми: (1) Зголемување на транспаретноста и отвореноста на Министерството спрема земјоделците; (2) Навремено подготвување и објавување на програмите, извештаите и одлуките на Министерството и нивна дистрибуција до земјоделците; (3) Вклучувањето на земјоделците да претставува приоритет за надлежните институции; (4) Да се развијат и применуваат механизми и индикатори за мерење на интензитетот и квалитетот на известувањето и вклучувањето на земјоделците во креирањето и спроведувањето зејмоделски политики.

Завршниот мониторинг-извештај претставува краен резултат на активностите што „Рурална коалиција“ ги реализира во периодот јуни 2017 – јануари 2018 година во рамките на проектот „Отчетност за сработеното со парите на граѓаните – реформа на јавната администрација, која тешко се достигнува“. Овој проект е дел од проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации“ на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ и „Евротинк – Центар за европски стратегии“, а финансиран од Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП