Грчката економија може да се врати кон раст во 2017-та година, но тоа не се однесува и до приходите на луѓето, пишува во анализата на бизнис организацијата „SEV“, цитирана од весникот „Катимерини“. Според податоците, расположливиот доход на Грците во 2017-та година се намалува за 0,3% во реални услови во споредба со бројките за 2016-та година.
Стапката на штедење, исто така, опадна – од минус 7% во 2016-та година до минус 8% во минатата година. Наспроти ова пак потрошувачката расте со 2% во номинални услови и со 0,6% во реално што само покажува дека Грците ги трошат своите заштеди.
Првите податоци на статистика покажуваат дека во периодот јануари – септември приходите на Грците во номинален однос се зголемуваат за 1,1%, или 1,2 милијарди евра, во однос на истиот период од 2016-та година. Ова е резултат на зголемување на платите (за 2,2%) и приходи на претприемачите (за речиси 6%). Приходите од пензии се намалија за 2,2%.
Сепак, зголемувањето е „изедено“ од зголемените даноци и придонеси за социјално осигурување, додаде „SEV“.