2 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank влегува во градежниот сектор со инвестиција во американски стартап

SoftBank влегува во градежниот сектор со инвестиција во американски стартап

Телекомуникацискиот гигантот „SoftBank“ влегува во градежниот сектор. Компанијата инвестираше 865 милиони долари (околу 692 милиони евра) во американскиот стартап на „Katerra“. Инвестицијата се остварува преку технолошкиот фонд „Vision Fund“, формиран во октомври 2016-та година во соработка со суверениот фонд на Саудиска Арабија „Private Investment Fund“, соопштува францускиот весник „La Tribune“.

Јапонскиот конгломерат кој вообичаено инвестира во технологии, веќе покажа интерес за недвижности во почетокот на декември, така што вложи 450 милиони долари во американската платформа за имот и продажба на недвижнини „Compass“.

Создаден во 2015-та година во Силиконската долина, стартапот „Katerra“ се залага за индустријализација на градежниот сектор. Поконкретно стартапот развива проекти за недвижнини од почеток до крај – архитектура, дизајнирање на ентериер, инженеринг, снабдување со материјали, производство и изградба. Во моментов, компанијата има 1.100 вработени, од кои 100 се архитекти. Се очекува да го удвои персоналот до крајот на годината за да достигне 3.000.

Компанијата има за цел да го намали времето за производство и трошоци. Таа смета дека до крајот на годината ќе може да заврши недвижен имот за 30 дена – од концептот до предавањето на клучевите на сопствениците, вели пред „Wall Street Journal“, Мајкл Маркс, коосновач на „Katerra“ и привремен извршен директор на „Tela“ во 2007-ма година.

„Katerra“ се фокусираше на недвижен имот како што се студентски домови, стари куќи и изградба на хотели. Оваа година ќе се активираат 30 проекти, главно во САД, изјави Маркс за „Блумберг“. Стартапот не го пријави својот промет, туку само открива дека од своето основање има инвестирано 1,3 милијарди долари.

Маркс очекува продажба од 10 милијарди долари во текот на следните десет години. Предизвикот за компанијата е да се прилагоди на различните норми во одделни држави во САД, па дури и во одделни градови. „Katerra“, проценета на 3 милијарди долари, планира да инвестира во „R & D“.

Градежниот пазар во САД достигна 1,257 милијарди долари во ноември, според најновите податоци за министерството за трговија. Се очекува секторот да продолжи да расте добро во 2018-та година. Според предвидувањата, трошоците за изградба ќе се зголемат од 2% на 7% во оваа година. Можно е дека изградбата на приватни станови ќе постигне уште поголем раст – помеѓу 6% и 9%, предвидува Associated General Contractors of America.

Пристапот на „Katerra“ е многу сличен на оној „Uber“, „Airbnb“ и „WeWork“, објаснува Маркс. Стартап компанијата ја увезува технологијата на Силиконската долина во индустрија која никогаш не ја искористи. Градежништвото е еден од најлошите сектори, вели извршниот директор на „Katerra“, кој ја дефинира оваа област како „архаична“. Ова е адут за „SoftBank“, кој е заинтересиран за менување на индустриите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП