8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПет знаци кои потврдуваат дека сте подготвени за сопствен бизнис

Пет знаци кои потврдуваат дека сте подготвени за сопствен бизнис

Имате генијална идеја за која верувате дека ќе стане нов светски тренд или ваш извор на приходи. Се сте смислиле но сепак треба да водите сметка и за еден детал – Дали сте подготвени за самостојно работење?

Ова се петте знаци дека сте подготвени да го започнете својот бизнис од соништата:

1. Повеќе не ви се допаѓа работата со која во моментот се бавите

Секоја работа има позитивни и негативни страни, но доколку секој ден на работа одите со лошо чувство време е да направите нешто за тоа прашање. И вие и вашиот работодавец ќе имате корист доколку го напуштите работното место за кое немате повеќе желба, бидејќи реално кога нешто работите без желба и како да сте принудени, тогаш не постигнувате големи резултати.

2. Разбирате дека успехот на работа не е загарантиран

Го прифаќате фактот дека вашата работа може да доживее неуспех. Разбирате дека и доколку ги преземете сите мерки за заштита, истражување, статистика, доколку направите помошни сценарија и ги проверите сите слаби точки, ризикот и понатака постои. Да не се споменува фактот дека и правно можете да одговарате или банкротирате.

3. Сте направиле истражување

Имате нешто на ум и сте направиле многу истражувања. Сте направиле истражување на условите на пазарот. Сте пронашле одговор на прашањето дали има потреба за вашиот производ. Сте погледнале кои аспекти треба да ги поправите и сте ги проучиле конкурентите. Се занимавате со почетен капитал, кредити и позајмици.

4. Страствени сте кон својата идеја

Доколку планирате да започнете свој бизнис сигурно имате некоја идеја на ум. Успехот на вашите замисли ќе зависи од емоциите и пасијата која ја инвестирате во тоа. Само оние со голема визија, енергија и стремеж кон успехот ќе остварат големи резултати.

5. Имате добар тим на ум

Не можете сами да тргнете во претприемачките води. Без оглед дали станува збор за пријателите, семејството или колегите, морате да имате некој кој ќе ви помогне во започнувањето на бизнисот. Малкумина се оние кои постигнале сами големи работи, па затоа ви е потребна добра поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП