19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа проблемот со минерални суровини ќе се бара решение во полза и...

За проблемот со минерални суровини ќе се бара решение во полза и на економијата и на здравјето на граѓаните

Горан Милевски од ЛДП одржа прес во Собранието на РМ на кој информираше дека на почетокот oд февруари ќе се расправа за проблемот со минерални суровини, а со тоа треба да се решава законската регулатива.

„Целта на измените е да се забрани употребата на штетните супстанци за заштита на животната средина. Според нас, рудниците го загрозуваат здравјето на граѓаните. Има примери на земји каде што е забранета експлатација на руда. Од друга страна, менаџментот на рудниците во Македонија изрази загриженост за рударството во Македонија. Ние ќе се бориме за решение за добрата економија на Македонија, а од друга страна да го заштитиме здравјето на граѓаните. Експертската јаност е поделена во врска со ова прашање”, рече Милевски на пресот.

Пратеничката Мери Лазарова во врска со темата за минералните суровни рече дека очекуваат поддршка од сите пратенички групи

„Здравјето на граѓаните ни е најважно. Цијанидите ќе бидат целосно забранети. Мислиме дека треба целосна анализа пред да се дадат концесиите. Транспарентноста во постапката треба да биде пред сè. Со овие законски измени ќе се спречат случаи како Казандол, каде што граѓаните се кренаа на нозе да се заштитат од штетните последици“, рече Лазарова.

Потписници на предлог-измените се пратениците на ДОМ, ЛДП, како и неколку пратеници на СДСМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП