17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСо читање книги подобрете ги социјалните вештини

Со читање книги подобрете ги социјалните вештини

Задлабочувањето во содржината на добра книга ја јакне способноста на луѓето да се поврзуваат со другите и ја зголемува нивната емпатијата, покажа истражувањето чии резултати ги пренесува BBC.

Истражувањето спроведено за Reading Agency покажало дека читањето книга од уживање има многу повеќе ефект од самото подобрување на резултатите од образованието.

Една неодамнешна студија спроведена на 4.000 возрасни испитаници, покажала дека читањето од задоволство може да помогне во подобрувањето на нивниот социјален живот и на социјалните вештини.

Кај децата тоа може да помогне во подоброто емоционално разбирање, сметаат научниците. Децата, не само што го збогатуваат својот речник поврзано со чувствата, туку и го прошируваат и продлабочуваат своето знаење и почнуваат подобро да ги разбираат.

Генерално, истражувањето утврдило дека читањето е поврзано со уживање, релаксација и привремено бегство од стварноста.

Оние коишто редовно читаат помалку ќе го чувствуваат стресот и депресијата, имаат поголема самопочит, подобро се справуваат со тешките ситуации и подобро спијат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП