28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Велика Британија расте побрзо од очекувањата

Економијата на Велика Британија расте побрзо од очекувањата

Економијата на Велика Британија расте побрзо од очекувањата и во четвртиот квартал oд 2017-та година. БДП-то се зголемува за 0,5% по растот од 0,4% во трите месеци до септември, соопшти „Bloomberg“, цитирајќи ги првичните проценки. Во споредба со истото тримесечје од 2016-та година економијата порасна за 1,5%, што исто така е над очекувањата за 1,4%.

Растот сепак генерално се забавува во 2017-та година, земајќи го во предвид дури и најслабото темпо на закрепнување на економијата од пред пет години, бидејќи потрошувачите и бизнисите ги почувствуваа последиците од гласањето за напуштање на Европската унија.

За споредба, растот на БДП-то во 2017-та година достигна 1,8% во однос на 1,9% во 2016-та година. Очекувањата се дури растот да забави уште оваа година до 1,4% поради притисокот од инфлацијата и одложувањето на инвестициите од страна на компаниите, додека се разјасни ситуацијата околу „Brexit“.

„И покрај благото покачување во последниот квартал, поголема слика покажува побавен и нерамен раст на економијата„, коментира Дарен Морган од страна на Бирото за национална статистика на Велика Британија.

Зголемувањето на БДП-то во последните три месеци од 2017-та година главно се должи на подоброто претставување на секторите на услугите и производството, додека градежништвото во Велика Британија се намалува веќе трет по ред квартал.

Претходно оваа недела стана јасно дека бројот на луѓето кои работат во Велика Британија се зголеми неочекувано за периодот септември – ноември, а во исто време платите во земјата растат со најбрзо темпо од речиси една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП