2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJP Morgan укинува најмалку 4.000 работни места во Британија

JP Morgan укинува најмалку 4.000 работни места во Британија

Извршниот директор на банката JP Morgan Џејми Димон најави дека постои голема веројатност да се укинат најмалку 4.000 работни места во Велика Британија по Брегзит.

Димон ијзави дека ја ревидирал долгорочната проценка за загубата на работни места ако разговорите во рамките на Брегзит не донест услови близу постоечките аранжмани. Тој истакна дека таквото сценарио ќе му нанесе голема штета на Лондон како финансиска престолнина.

Сопственикот на најпрофитабилната американска банка предупреди пред референдумот дека ќе мора да затвори 4.000 работни места доколку Велика Британија излезе од ЕУ, но со тек на време тој број се намали на 1.000.

Откако започнаа преговорите, направена е ревизија и утврдено е дека тој број би можел да биде и многу поголем од 4.000.

JP Morgan и америкнската банка Goldman Sachs дадоа назнаки дека најмногу ќе профитира Франкфурт, бидејќи токму таму можно е да се пресели работењето. Сепак, добија понуда и од францускиот претседател Емануел Макрон, но деталите се уште не се познати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП