17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо стапките на Teslа: Електричните камиони на Volvo пристигнуваат во 2019-та (фото+видео)

По стапките на Teslа: Електричните камиони на Volvo пристигнуваат во 2019-та (фото+видео)

Компанијата „Volvo Trucks“ ќе започне со продажба на електрични теретни возила во Европа веќе следната година, а во 2020-та камионите на струја на овој производител ќе се појават и на северноамериканскиот пазар.

Шведскиот производител на камиони смета дека воведувањето на теретни возила со погон на струја значително ќе го подигне квалитетот на живот во урбаните средини, затоа што ќе се намалу бучавата и загадувањето на воздухот кои ги предизвикуваат денешните камиони со погон на фосилни горива.

Компанијата „Volvo Trucks“ исто така тврди дека превозот на товар на „струја“ е еден од посакуваните одржливи транспортни решенија за иднината.

Иако најавата за воведување на електрични камиони на „Volvo“ во сообраќајот пристигнува по премиерата на камионот на „Teslа“ на струја, Швеѓаните веројатно ќе го надитрат американскиот производител и први ќе започнат со производство на овој вид теретни возила.

Претседателот на компанијата „Volvo Trucks“, Клаес Нилсон, вели дека камионите на струја ќе донесат бројни предности во однос на сегашните кои за погон користат дизел мотори.

„Употребата на електричниот мотор ќе им овозможи на камионите да бидат потивки и да не го загадуваат воздухот, што ќе допринесе да може да се користат и во централното градско подрачје, каде што на конвенционалните камиони-шлепери пристапот им е воглавном забранет“, објаснува Нилсон.

„Исто така, овие транспортни средства ќе може да се користат и во текот на денот кога нема сообраќаен метеж – на пример, доцна навечер или во текот на ноќта, па така ќе се растеретат патиштата и улиците во градовите за време на сообраќајниот шпиц“.

Тој наведува дека на тој начин сообраќајната инфраструктура во урбаните средини ќе се користи рамномерно и поефикасно.

Инаку, „Volvo“ веќе го направи првиот чекор кон електрификација на камионите кога претстави возило со хибриден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП