6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКнигата за Трамп со рекордна продажба

Книгата за Трамп со рекордна продажба

Книгата на Мајкл Вулф за американскиот претседател Доналд Трамп „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“ се продала во 1,7 милиони примероци  во првата недела по излегувањето на пазарот, соопшти ТВ каналот Си-ен-ен.

Од издавачката куќа „Хенри Холт“ прецизираат дека станува збор за сите формати, вклучувајќи со тврда корица, електронски книги и аудиокниги.

„Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“ излезе во продажба на 9 јануари и стана бестселер во САД. Книгата раскажува што се случува во палатата на актуелниот претседател на Америка. Наводно, тој не сметал дека ќе стане претседател, а неговата сопруга Мелани била во шок од можноста да стане прва дама. Некои од советниците на Трамп биле загрижени за психичкото здравје на претседателот. Белата куќа категорично ја побива содржината на книгата, а личниот адвокат на Трамп испратил писмо со барање за запирање на нејзино објавување и ширење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП