6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧетворица машки презентери на Би-би-си прифатија кратење на платите

Четворица машки презентери на Би-би-си прифатија кратење на платите

Четворица од главните презентери мажи на Би-би-си се согласија да им бидат намалени платите по разоткривањето на нееднаквоста во платите меѓу машките и женските презентери и уредници. Џереми Вајн, Џон Хамфрис, Хју Едвардс и Џон Сопел се согласија да се намалат нивните плати.

Нивната одлука следи по оставката на Кери Грејси од местото уредник на Би-би-си – Кина во знак на протест поради нееднаквата плата меѓу машките и женските меѓународни уредници.

Независна ревизија на еднаквоста во платите во Би-би-си, како што е најавено, ќе биде објавена следната недела.

Би-би-си ја откри платата на најдобрите презентери во живо, со заработка од над 150.000 фунти во јули 2017 година, при што две третини од ѕвездите заработуваат повеќе од тоа затоа што се мажи.

Крис Еванс ја предводи листата, со заработка меѓу 2,2 милиони фунти и 2,25 милиони фунти во 2016/2017 година. Највисоко на листата од жените е Клаудија Винклеман, која заработува значително помалку – помеѓу 450,000 и 500,000 фунти.

Џереми Вајн, презентер на Радио 2, заработил помеѓу 700.000 и 749.999 фунти во 2016/17 година. Џон Хемфрис, презентер на програмата „Тудеј“, заработил помеѓу 600.000 и 649.999 фунти во 2016/17 година. Хју Едвардс, презентер на „Би-би-си њуз“, заработил помеѓу 550.00 и 599.999 фунти во 2016/17 година и Џон Сопел, уредник на Би-би-си Северна Америка, заработил помеѓу 200.000 и 249.999 фунти во 2016/17 година.

Сè уште не е јасно колку ќе изнесува намалувањето на платите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП