19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина го проширува „Новиот пат на свилата“ до Арктикот

Кина го проширува „Новиот пат на свилата“ до Арктикот

Кина ја објави амбицијата да ја прошири својата иницијатива „Новиот пат на свилата“ (One Road, One Belt) и кон Арктикот, соопштува „Ројтерс“. Пекинг планира да ги искористи патеките отворени со глобалното затоплување.

„Кина ќе работи со сите земји за да се изгради „Арктички пат на свилата “, развивајќи ги транспортните патеки во регионот“, стои во документот на кинеските власти.

Според текстот, владата ќе ги охрабри бизнисите да градат инфраструктура и да нудат комерцијален транспорт во регионот.

Кина нема пристап до Арктикот, но од 2013-та година е набљудувач во Арктичкиот совет. Еден од интересните проекти за Кина е течен гас во Русија, кој се очекува да добие околу 4 милиони тони течен гас годишно.

Арктичкиот пат ќе ги скрати патиштата за 20 дена во споредба со класичните патишта низ Суецкиот канал, коментираат локалните медиуми.

Сепак, од официјалниот документ на кинеските власти, јасно е дека земјата е заинтересирана и за развој на проекти за екстракција на нафта, гас или други ресурси, како и за развој на риболов и туризам. Ова ќе се направи заедно со „арктичките“ земји, „почитувајќи ги нивните традиции и културни особености“, рече Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП