4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанците се на добар пат

Шпанците се на добар пат

Бројот на невработени лица во Шпанија опадна за речиси половина милион минатата година.

Тоа е показател за обновата на шпанската економија.

Институтот за национална статистика соопшти дека 471.000 помалку неврботени биле забележани на крајот на минатата година, односно нивниот вкупен број изнесувал 3,76 милиони.

Стапката на невработеност изнесувала 16,6 проценти на крајот на минатата година, во споредба со 18,6 проценти од крајот на 2016 година.

И покрај тоа, стапката на невработеност во Шпанија е втора најголема во земјите од ЕУ, по Грција, наведува АП.

Стапката на невработеност во Шпанија го достигна врвот во 2013 година кога изнесуваше 27 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП