24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlphabet создаде нова компанија за сајбер безбедност

Alphabet создаде нова компанија за сајбер безбедност

„Alphabet“, матичната компанија на „Google“, го објави отворањето на својата нова компанија, која ќе биде активна во сајбер безбедноста.

Новата компанија се нарекува „Chronicle“, а нејзината основна дејност е поврзана со услуги за пронаоѓање и откривање на хакери. Корисници на „Chronicle“ се очекува да бидат компании кои бараат поефективна заштита од хакерски напади, објавува „TechCrunch“.

Новата единица е одделена од компанијата „Х“, исто така, во сопственост на „Alphabet“, и сега ќе функционира независно директно под капа на матичната компанија, исто како и „Google“.

Новиот извршен директор на „Chronicle“ ќе биде Стефан Жилет, кој се приклучува кон „X“, доаѓајќи од „Google Ventures“. Претходно, тој имаше водечка улога во „Symantec“.

За почеток, „Chronicle“ ќе понуди две услуги: безбедносна платформа и анализа на претпријатието, и „VirusTotal“ – онлајн антивирусна програма што „Google“ ја купи во 2012-та година.

Според зборовите на новиот извршен директор, компанијата ќе работи на елиминирање на слепите точки во безбедноста, што ќе им помогне на претпријатијата да изградат појасна слика за ситуацијата во која се наоѓаат.

Што точно ќе биде новата платформа останува да видиме. Според зборовите на Жилет, таа ќе биде управувана од инфраструктурата на „Alphabet“ користејќи машина за самостојно учење за да им помогне на претпријатијата да ги анализираат информациите поврзани со безбедноста.

„Chronicle“ укажува дека во иднина ќе понуди и други услуги во својот облак, така што ќе расте синхроно со потребите на своите клиенти. Услугите на компанијата во моментов се тестирани од страна на голем број на компании котирани на „Fortune 500“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП