2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧовекот кој заработи 16 милијарди долари од почетокот на 2018-та

Човекот кој заработи 16 милијарди долари од почетокот на 2018-та

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос продолжува да го зголемува своето богатство, покажуваат податоците на индексот на милијардери на „Bloomberg“, кој го надгледува богатството на 500-те најбогати луѓе во светот.

Вчера Безос додаде 1,75 милијарди долари на рекордните 115,2 милијарди долари. На овој начин, тој веќе има заработено 16,4 милијарди долари од почетокот на 2018-та година.

Безос веќе располага со 21.4 милијарди долари повеќе од Бил Гејтс и го надминува богатството на Ворен Бафет со 22,7 милијарди долари. Тие се рангираат на второто и третото место на табелата на најбогатите луѓе во светот.

Потсетуваме дека Безос го надмина Бил Гејтс како најбогат човек во светот на 27-ми октомври 2017-та година.

Последните вести околу Безос се поврзани со отворањето на првиот супермаркет без касиери „Amazon Go“, како и најавата на 20-те градови-финалисти, меѓу кои една од најскапите компании во светот ќе избере дом за својата втора централа.

Безос денес поседува 16 отсто од „Amazon“, весникот „Washington Post“ и компанијата за космички патувања „Blue Origin“.

Акциите на „Amazon“ се зголемија за 1,51 отсто вчера на рекордни 1.377,95 американски долари. Од почетокот на 2018-та година, компанијата ја зголеми пазарната капитализација за 17,83%, на 664 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП