15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретежно сончево време со постепен пораст на температурите во наредните денови

Претежно сончево време со постепен пораст на температурите во наредните денови

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 5 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер, а претпладне ќе има и појава на слаба магла. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 6 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. До недела во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП