16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за финансии: Нема да има нови давачки поврзани со брзиот трансфер...

Министерството за финансии: Нема да има нови давачки поврзани со брзиот трансфер на парите

Министерството за финансии соопшти дека нема да има нови давачки поврзани со брзиот трансфер на пари.

„Ова значи дека и понатаму ќе се применува постојното законодавство, според кое, приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат, а дел од другите приливи и понатаму ќе биде предмет на оданочување, како, на пример, приливи по основ на извршена услуга“, велат од Министерството.

Од таму наведуваат дека со предложените измени на Законот за вршењето на услугите за брз трансфер на парите се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција.

„Поточно, со овие измени се овозможува УЈП да има покомплетна евиденција на сите приливи, независно од нивното потекло, како и зајакнување на борбата против даночното затајување. Притоа, предложените измени не претставуваат никаква промена на даночната политика, односно не претставуваат оданочување на дознаките“, велат од Министерството за финансии.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со новите законски измени во Законот за вршењето на услугите за брз трансфер на парите власта предвидува оданочување на парите што од странство се праќаат во Република Македонија со данок на доход во висина од 10 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП