1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Johnnie Walker го подобри бизнисот на Diageo во Северна Америка

Продажбата на Johnnie Walker го подобри бизнисот на Diageo во Северна Америка

Американците, кои стојат зад препород на класичните коктели со виски, даваат поттик на бизнисот на „Diageo“ – најголемиот производител на алкохолни пијалоци во светот, пишува „Bloomberg“.

Нето продажбата на компанијата се зголеми за 4,2% за шесте месеци, кои завршиле на 31-ви декември, ја надминаа прогнозата на аналитичарите, објави производителот на вискиот „Johnnie Walker“. Како резултат на тоа, акциите на компанијата пораснаа за 2,3 проценти за време на денешниот почеток на тргувањето во Лондон. Ова е најсериозен раст од август.

Придобивките од иницијативите поврзани со продуктивноста, ќе „продолжат да се појавуваат“ во втората половина од годината и „Diageo“ очекува да се постигне добар напредок во исполнувањето на целта на компанијата да го зголеми профитот, коментира главниот финансиски директор Кати Микелсен.

„Diageo“ се приклучи на другите компании за кориснички производи како „Unilever“ и „Nestle“ кои ги намалуваат трошоците, додека инвеститорите активисти пројавуваат поголем интерес кон секторот.

Продажбата на „Johnnie Walker“ се зголеми за 5% во Северна Америка. Оние од вотката во регионот се намали за 8% поради слабите резултати на марките „Ciroc“ и „Ketel One“.

Оперативната добивка се зголеми за 6,1%, надминувајќи ја просечната прогноза од 4,8%. „Diageo“ сепак, предупреди дека движењето на девизните курсеви во текот на финансиската година, која завршува на 30-ти јуни, ќе смалува нето приходот од продажба на околу 460 милиони фунти. (656 милиони долари), а оперативната добивка до околу 60 милиони фунти.

Минатата година, компанијата објави дека го купила брендот текила „Casamigos“ со договор вреден една милијарда долари. Таа, исто така, повторно влезе во категоријата на ирското виски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП