17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловната доверба во Германија е над предвидувањата

Деловната доверба во Германија е над предвидувањата

Довербата во германската економија меѓу економските претставници неочекувано се зголеми во јануари над прелиминарните предвидувања, засилувајќи го оптимизмот во однос на моторот на економијата на еврозоната.

Индексот на бизнис довербата на минхенскиот институт за економски истражувања „Ifo“, базиран на месечна анкета меѓу 7.000 компании, се искачи до сезонски прилагодени 117,6 поени, откако при претходното читање беше 117,2 поени, а аналитичарите очекуваа пад до 117,1 поени.

Показателот за актуелната ситуација се искачи на 127,7 поени во јануари од 124,5 поени, а податоците се исто така над очекувањата на пазарот. Сепак, имаше мало намалување на ставовите во наредните шест месеци.

Според истражувањето за расположението на бизнисот во производството се подобрува, додека во индексот во градежништвото мери дека довербата се намалува.

Истражувањето на минхенскиот институт е направено меѓу 7.000 германски фирми од индустријата, градежништвото и трговијата на едно и мало.

„Германската економија ја започна динамично годината“, појаснува шефот на „Ifo“, Клеменс Фонст.

Според првичните проценки на Федералната статистичка служба на Германија економијата во земјата расте со 2,2% во 2017-та година, по растот од 1,9% во претходната година. Ова е најбрзиот стапка на раст по 2011-та година, а економијата чувствува силна поддршка од страна на приватната потрошувачка и инвестициите во машинството и опремата.

Зголемувањето на владините трошоци и растот на градење исто така придонесуваат кон БДП-то. Но економистите интервјуирани од „Ројтерс“ очекуваат малку повисок раст на БДП-то од 2,4 отсто.

Од гледна точка на производството, скоро сите сектори придонесуваат за позитивниот тренд. Ова е особено јасно за индустријата, која се зголемува за 2,5%. Секторот претставува над една четвртина од бруто додадената вредност за економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП