28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМРТ: телевизијата со најмногу вработени а најмала гледаност ќе потроши 13.3 милиони...

МРТ: телевизијата со најмногу вработени а најмала гледаност ќе потроши 13.3 милиони евра!

МРТ има повеќе вработени од петте приватни национални телевизии заедно, но годинава планира да ангажира уште 90 луѓе. Јавниот сервис останува на дното на гледаноста…

Сител убедливо најгледана телевизија

Сител останува убедливо најгледана телевизија. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за медиуми (АВМУ) кои се однесуваат на цела 2017-та година.

На прашањето „Кои домашни и странски канали ги гледавте вчера“ 38.24% од испитаниците одговориле Сител, 33.37% Канал 5, 20.29% Телма, 15.80% Алсат, 14.04% 24 вести, 13.51% Алфа, 12.63 МТВ1, 4.86% Нова ТВ, 3.83% ТВ 21.

Од странските канали достапни преку кабелските мрежи најпопуларен е Discovery (7.98%), па Sport Klub (6.94%), Fox (5.84%) и National Geographic (4.20%).

Според истата анализа 90.7% од граѓаните гледаат телевизија барем еднаш во неделата.

МРТ има повеќе вработени од петте приватни национални телевизии

Македонската радио телевизија (МРТ) на крајот на 2016-та имала 864 вработени или 4 повеќе во однос на 2015-та.

МРТ има ангажирано над 200 новинари; околу 80 уредници; скоро 350 режисери, монтажери и сниматели; 20-на инженери и техничари, како и околу 200 заведени под категоријата останат кадар. Околу половина од вработените се со високо, а половина со средно. Има и 70-на кои се водат под ставката „друго“ образование.

Петте телевизии кои емитуваат на национално ниво (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат – М) заедно имаат вкупно 578 вработени  што е помалку од МРТ која има 864 вработен!

И кај приватните телевизии имало зголемување на бројот на вработени. На крајот на 2016-та биле 578, а на крајот на 2015-та 687.

Најмногу вработени има Канал 5, потоа следуваат Сител, Алсат, Телма и Алфа.

Во 2016 година, во сите комерцијални телевизии заедно биле вработени вкупно 1.862 луѓе.

МРТ ќе потроши 13.3 милиони евра!

Финансиските приходи на Македонска радио телевизија за годинава ќе изнесуваат 822 милиони и 500 илјади денари односно 13 милиони и 374 илјади евра што е за 32 отсто помалку во однос на минатогодишните. Ова го предвидува финансискиот план на Јавниот сервис што беше усвоен на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

За набавка на опрема и техника како еднократен трошок треба да бидат наменети 1.8 милиони евра, а 1.2 милиони евра за нови вработувања и за останати трошоци по тој основ. МРТ за годинава планира уште 90 нови вработувања во Вториот програмски сервис на албански јазик кој треба да стартува со 24-часовно емитување, како и во Третиот канал за немнозинските заедници.

Со измените на законот кои беа донесени во септември се укина радиодифузната такса. Сега предвидува приходот, што го добиваше МРТ преку собирање на оваа давачка, се финансира од буџетот со 0.5% од вкупната сума на државната каса.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП