19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВисенте Фокс: Мексико никогаш нема да го плати ѕидот на Трамп

Висенте Фокс: Мексико никогаш нема да го плати ѕидот на Трамп

Поранешниот претседател на Мексико, Висенте Фокс, повтори дека Мексико никогаш нема да плати изградба на американско-мексиканска граница, која ја бара претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Никогаш, никогаш, никогаш нема да платиме за тој ѕид“ рече Фокс во интервју за СиБиЕсЕнњуз.

Трамп за време на кампањата вети изградба на таков ѕид, а за тие планови зборуваше и во првата година од мандатот. Ако се изгради тој ѕид, нема да има никаква корист, рекол Фокс и додал дека постојат подобри алтернативи за обезбедување на границата, како што е употребата на дронови.

И додека Трамп тврди дека ѕидот ќе го спречи криумчарењето дрога од Мексико, Фокс вели дека освен марихуана, поголем дел од наркотиците не се произведува во Мексико, туку се донесува од Јужна Америка и се пренесува преку границата во САД. Според него, ѕидот нема да спречи транспорт на недозволени супстанци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП