3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена предистражна постапка за затајување на данок при увоз на гориво

Отворена предистражна постапка за затајување на данок при увоз на гориво

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас во врска со злоупотреба и затајување на данок при увоз на дизел гориво.

Предистражната постапка е започната поради постоење на сомнение дека се увезувала стока декларирана како нафта за домаќинство, а всушност се увезувало дизел гориво при што е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија за утврдување на фактите, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП