27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПлатата ви е повеќе од потребна, а работата не можете да ја...

Платата ви е повеќе од потребна, а работата не можете да ја смислите? Без паника, постои решение!

Ако од една страна повеќе не ја сакате својата работа, а од друга како и на сите, потребна ви е месечната плата, дошло време да размислите како понатаму…

Секогаш има решение, но потребно е да се активирате на повеќе фронтови.

Ова, според пишувањето на Fast Company се чекорите кои треба да ги преземте ако сте незадоволни со работата, а сакате да ги задржите месечните примања:

1. Пробајте да ја промените позицијата

Ако на работа ви станало досадно и непривлечно, размислете за тоа да ја промените позицијаа, дури и по цена на пониска плата. Новите активности и новите проекти би можеле да ви го зголемат ентузијазмот.

2. Придвижете се надвор од работата

Ако сметате дека кариерата треба да ви оди во друга насока, размислете за активности надвор од работата кои ќе ве насочат кон одредена цел. Во прв ред тоа се разни едукативни настани, курсеви и уште многу други нешта од кои можете да научите.

3. Информирајте се

Во случај да не сте сигурни дали повеќе не сакате да ја работите моменталната работа, започнете да се информирате за други можности. Преку специјализирани портали дознајте што се нуди на пазарот на труд, следете ги социјалните мрежи и распрашајте се кај пријателите за можните вработувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП