30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ги организирате првите 20 минути за секој ден да ви...

Како да ги организирате првите 20 минути за секој ден да ви биде успешен?

Помалку или повеќе сите имаме свои мали утрински ритуали што ги повторуваме секој ден.

Сепак, не сме свесни колку нашите мали утрински ритуали и мантри може позитивно да ни влијаат врз денот и животот воопшто.

Истражувањата покажале дека без разлика дали се будиме во 7 наутро или во 1 попладне, првите 20 минути од денот и нашата организација на тие 20 минути може да го определат текот на целиот ден.

Заборавете на опцијата Snooze

Можеби ви делува наивно, но ова е многу важен дел. Со одложувањето на алармот го ставате денот на пауза и го почнувате со обид да „забушавате“. Тоа секако не е квалитетен почеток на денот. Нема да се наспиете во тие 10 минути, а може да ги искористите продуктивно.

Визуелизација на животот

Ова е најважната работа за постигнување на алфа сотојба. Замислете го својот живот за 5 или 10 години. Што ќе се случи ако ја остварите вашата цел? Концентрирајте се на деталите што ве прават среќни, а потоа на задачите што треба да ги завршите за да го остварите вашиот зацртан успех и „побарајте го тоа“ од вашиот ум.

Средете ја собата

Целта на оваа активност е од психолошки карактер. Поентата е да се среди хаосот, да се стави сѐ на свое место, да се исфрли ѓубрето, да се воспостави хармонија со просторот.

Воведете некоја мантра

Каква било афирмација за кревање на самодовербата ќе ви биде од помош. На пример, може да си мантрате „Ова ќе биде најдобриот ден во мојот живот“, „Никој не е како тебе. Тоа е твојата моќ“, „Вдиши љубов, издиши стравови“ и слично. Повторувајте си ја таа мантра во текот на целиот ден.

Водете дневник

Запишете некои свои размислувања, позитивни мисли, испланирајте го денот. Фоколку нешто ве мачи, ставете го на лист, и ослободете се од притисокот. На овој начин со ладна глава, но високо мотивирани ќе и пристапите на работата и ќе го зграбите секој успех на патот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП