7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците на улица, бараат поголеми плати

Словенците на улица, бараат поголеми плати

Околу 30.000 вработени во јавниот сектор во Словенија штрајкуваа барајќи повисоки плати.

Поради штрајкот беа ограничени услугите во јавната управа, здравството, социјалната заштита и поединечни образовни институции.

Во знак на поддршка на штрајкот, кој го организираа 16 синдикати, повеќе илјади работници се собраа пред зградата на Владата во Љубљана повикувајќи на прекин на мерките за штедење и зајакнување на единствениот платен систем.

Владата тврди дека барањата на синдикатот достигнале речиси милијарда евра и дека барањата би можеле да ја загрозат планираната фискална консолидација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП