3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците со рекордна вработеност, им расте и заработката

Британците со рекордна вработеност, им расте и заработката

Бројот на вработени лица во Велика Британија неочекувано порасна во три месеци заклучно со ноември.

Редовните заработки пораснале по најголема стапка во речиси година дена, покажаа денес објавените официјални податоци.

Бројот на вработени лица пораснал за 102.000 во тој период, благодарение на што вкупната вработеност скокнала на рекордни 32,2 милиони, покажуваат податоците на британската Канцеларија за статистика (ONS) пренесува Ројтерс.

Заработката на работниците, исклучувајќи ги бонусите, пораснала во трите месеци заклучно со ноември за 2,4 проценти по годишна стапка, што е најголемиот раст од декември 2016 година и поголем раст во однос на 2,3 проценти од трите месеци заклучно со октомври.

Вкупниот раст на платите, вклучувајќи ги бонусите, изнесувал 2,5 проценти, како што е очекувано, според податоците на ONS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП