25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се најбогатите посетители на форумот во Давос

Кои се најбогатите посетители на форумот во Давос

Претседателот на Украина Петро Порошенко се наоѓа меѓу десетте најбогати говорници на форумот во Давос, соопшти британскиот весник Ведикт.

Украинскиот лидер е девети на листата и неговото богатство се проценува на 1,6 милијарди долари. Порошенко се наоѓа на само три позиции под американскиот претседател Доналд Трамп, кој го зазема шестото место со 4,9 милијарди долари.

На врвот на листата се наоѓа основачот на Microsoft Бил Гејтс, на второто место е сопственикот на кинескиот гигант „Alibaba“ Џек Ма, а на третото место е менаџерот на хеџ фондови Реј Далио.

Традиционалниот годишен состанок во Давос го организира меѓународната организација Светски економски форум. На ова случување се повикуваат водечките државници и политичари, претставниците од научните и бизнис круговите од различни земји и меѓународните организации.

Оваа година форумот се одржува од 23 до 26 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП