2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатформата Stripe престанува да прифаќа плаќање со биткоини

Платформата Stripe престанува да прифаќа плаќање со биткоини

Компанијата „Stripe“ која пред четири години, изјави дека ќе стане првата голема платформа за онлајн плаќања, примајќи биткоини, се откажа од идејата, објави „CNBC“.

Компанијата објасни дека криптовалутата стана жртва на нејзината популарност. Покрај тоа, времето за правење трансакции е зголемено, а понекогаш и дури не се случува. Поради високата цена на при трансакциите на „Stripe“, тие сметаат дека биткоинот не е повеќе во предност од друга валута за дневни плаќања.

„Додека се потврди една трансакција, цената на биткоинот веќе е променета и соодветно се испоставува дека воведената сума е „погрешна ““, објасни дел од проблемот продукт менаџерот на „Stripe“, Том Карло. Компанијата, исто така, рече дека не гледаат точка за продолжување на одржувањето на начинот на плаќање на трговците кои никој не сака да ги користи. Употребата на биткоинот како средство за плаќање ќе биде прекинато на 23-ти април оваа година.

Уште во 2014-та година, извршниот директор на „Stripe“, Патрик Колисон изјави дека е важно платформата да ја прифаќа валута, до која секој еден човек во светот има пристап.

Од онлајн платежната платформа, рекоа дека генерално се позитивни за развојот на пазарот за криптовалути.

Утрово цената на биткоинот бележи пад за 1,77% до 11.198,18 долари според податоците на „CoinDesk“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП