10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ќе ја продлабочува соработката со царинската служба на Јапонија

Македонија ќе ја продлабочува соработката со царинската служба на Јапонија

Продлабочувањето на соработката помеѓу царинските служби на Македонија и Јапонија било во фокусот на средбата што ја оствариле директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, и амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.

На средбата Ханеда била запозната со претстојните приоритетни и стратешки активности што ги презема Царинската управа во насока за понатамошно осовременување на царинското работење и забрзувањето на меѓународната трговија.

Од Царинската управа информираат дека за време на состанокот била истакната заинтересираноста за продлабочување на билатералната соработка помеѓу царинските служби на Јапонија и Република Македонија на полето на примена на искуства и добри практики за поголема ефикасност и примена на современи методи во работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП