18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува акцијата за поставување на заштитни столпчиња долж централните улици во Скопје

Продолжува акцијата за поставување на заштитни столпчиња долж централните улици во Скопје

Во Скопје продолжува акцијата за поставување на заштитни столпчиња по должината на повеќе улици и булевари во централното градско подрачје, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможување непречено движење на пешаците. Во оваа акција во изминативе два месеца се поставени околу 300 заштитни столпчиња, информираат од Град Скопје.

Како што соопштуваат оттаму, екипите на ЈП „Улици и патишта“ извршуваат градежни активности за поставување заштитни столпчиња на тротоарите на булеварот „Свети Климент Охридски“, на потегот од крстосницата со улица „Свети Кирил и Методиј“ до крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“. Досега се завршени градежните работи од едната страна на булеварот (пред Европскиот факултет), каде што се поставени 126 заштитни столпчиња, а во моментов се извршуваат градежни работи од другата страна на булеварот, каде што треба да се постават дваесеттина столпчиња.

Изминатиов период, во рамките на оваа акција столпчиња беа поставени и по должината на улицата „Димитрија Чуповски“, пред Министерството за правда, како и по должината на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, пред објектот на поранешна „Нова Македонија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП