5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолициското одделение во Јегуновце доби опремени простории

Полициското одделение во Јегуновце доби опремени простории

Во рамките на проектот „Опремена полиција-безбедни граѓани“, денеска во Јегуновце министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари посета на комплетно опремените простории на новиот објект на тамошното полициското одделение. Како што истакна Спасовски, станува забор за зграда која била изградена во 2015 година, меѓутоа не била дополнирелно опремена.

„Направивме напори да ја опремиме целосно и токму затоа денеска ја правиме оваа промоција. Најважно од сè е да имаме опремена полиција, односно задоволни полицајци за да имаме и безбедни граѓани и безбедна држава. Тоа е наш приоритет кој ќе го остваруваме во текот на целата 2018 година. Сите наши сили ќе ги насочиме кон реконструкција на постојните или градба на нови објекти, купување опрема и подобрување на условите за работа на македонските полицајци“, рече министерот Спасовски.

Објектот во Јегуновце е изграден и опремен со средства на МВР со вкупна вредност од 20.629.000 денари, а вкупната површина на објектот е 442 метри квадратни. МВР со буџетот за 2018 има издвоено 30 милиони денари со кои треба да бидат уредени и реконструрани полициските станици во државата со цел да се обезбедат максимални услови за работа на полициските службеници.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената кривична пријава за тетовка која нудела вработување за пари повикувајќи се на контакти токму со него, Спасовски дека ова треба да биде јасна порака дека било каков облик на криминал ќе биде веднаш санкциониран.

„Ефикасно го решивме овој случај и ова е порака дека борбата против кримналот и корупцијата не е само декларативна туку ефикасна. Ги повикувам граѓаните доколку било кој се претставува во било чие име од државните функционери или доколку тоа го прави и некој носител на било каква функција, веднаш да пријават и да соработуваат со македонската полиција. Овој случај во Тетово треба да биде порака и до сите граѓани, меѓутоа и порака до сите функционери дека МВР нема да толерира никаков криминал“, рече Спасовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП