5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНародната банка го презентираше новиот канал за прекугранични плаќања во евра

Народната банка го презентираше новиот канал за прекугранични плаќања во евра

Во Народната банка на Република Македонија во изминатите два дена беше одржана презентација за новиот канал на прекугранични плаќања во евра пред претставници на околу 100 домашни компании кои имаат значаен обем на надворешнотрговска размена.

На презентацијата компаниите биле запознаени со придобивките од новиот канал, односно како можат да извршат поевтини, брзи и сигурни плаќања во евра, информираат од кабинетот на гувернерот на НБРМ.

Oд почетокот на 2017 година, во Народната банка започна да функционира новиот канал за прекугранични плаќања во евра, преку остварената врска на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС) со платниот систем ТАРГЕТ 2 на Евросистемот.

„Реализацијата на овој капитален проект претставува втора генерација реформи во делот на платните системи, а значеше остварување на препораката за создавање алтернативен канал за плаќања во евра, согласно со ИПА-проектот ‘Оцена на потребите на НБРМ’, спроведен од страна на претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите членки на Европската Унија. Крајната цел на овој проект е да се намалат трошоците за извршување на прекуграничните плаќања во евра и да се скуси времето на извршување на трансакциите“, соопштуваат од НБРМ.

За пошироко промовирање и користење на овој нов платежен канал, Народната банка има изработено и флаер со детални информации за начинот на кој компаниите и физичките лица можат да ги извршуваат плаќањата во евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП