5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолицискиот синдикат бара 13-та плата

Полицискиот синдикат бара 13-та плата

Македонскиот полициски синдикат побара од Министерот за внатрешни работи да отпочне процес на реализација на веќе договорените активности за исплата на, со закон и колективен договор утврдените права за исплата на плата, додатоци на плата, надоместоци и бонуси кои ги побаруваат вработените во Министерството.

„Ова особено се однесува за: отпочнување на исплата на бонус плата т.н. 13 – та плата за сите вработени во Министерството кои ги исполнуваат условите за тоа, отпочнување на исплата на разликата во плата која полицајците – приправници ја земале од моментот на полагање на приправничкиот испит до моментот на нивното распоредување и отпочнување на исплата по сите останати основи кои Министерството им го должи на вработените, а кои истите ќе ги побараат и ќе се покажат како основани. Македонскиот полициски синдикат бара за сите вработени во Министерството кои веќе имаат поведено судски постапки по погоре наведените основи, како и други слични основи поврзани со парични побарувања утврдени со закон и колективен договор, да се понуди фер спогодба за подмирување на настанатите трошоци и остварување на основите на нивните побарувања, со цел избегнување на непотребни дополнителни трошоци за Министерството“ се наведува во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.

Полицискиот синдикат вчера побара заштита на правата на полицајците од разни напади. Тие упатија повик до надлежните органи итно да се преземат мерки и активности за заштита на вработените во Министерството за внатрешни работи. Од Синдикатот исто така бараат да се смени законот за контрола и надзор на полицијата, а најавија и протести во мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП